(Видео) Стоилковски: Филипче и Заев мopa дa cнocaт oдгoвopнocт зa шиpeњeтo лaжни вecти дeкa нaбaвилe вakцини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вакцини од Бугарија НЕМА! Се потврди тоа што го предупредувавме, дека и бугарските власти го посочија, дека ќе поделат, ако им остане! Цел месец Владата преку својата официјална страница ЛАЖЕ и шири ЛАЖНИ ВЕСТИ, порача денеска на прес конференција во седиштето на партијата портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Стоилковски на денешната пре-конференција потсети на неколку изјави на министерот Филипче и премиерот Заев и проф. Костадин Ангелов кога изјавуваа дека Македонија ќе добие вакцини како донација од соседните земји и им порача дека граѓаните сеуште немаат добиено вакцини а не знаат ниту кога би стигналче во нашатѕа земја.

„Се уште стои објавата од 22 декември со наслов „Филипче: Бугарија од своите вакцини, дел ќе донира и за Република Македонија“.

Па вели: Република Бугарија од секоја пратка на вакцини против КОВИД-19, кои директно ги купиле од производителите, дел ќе донира и на нашата земја! Со оваа одлука во нашата земја вакцини против КОВИД-19 ќе стигнуваат во исто време како и во останатите земји членки на Европската Унија. – ова го пишува на официјалната страна на Владата на Македонија, цитирајќи го Филипче од изјава дадена за една национална телевизија, а по средбата со министерот за здравство на Бугарија, проф. Костадин Ангелов!

Филипче навлегува и подлабоко: „Веќе разговаравме и за техничките детали во однос на испораката“, пишува на официјалната страница на Владата.

Тоа што го сокрија Филипче и владата е дека во Бугарија им е децидно кажано – „Имаме можност за препродажба и донирање на вакцини против КОВИД-19, по покривањето на националните потреби ќе обезбедиме вакцини и за граѓаните на Македонија“, директна порака од бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов, пренесена и од редакцијата на Дојче Веле на македонски.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека партијата на власт преку нивните соопштенија ја обвинуваат опозицијата за ширење на лажни вести во ситуација кога самата влада е извор на лажни вести.

„По посочувањето на изјавата на Ангелов и на лагата и за лагата, и за криење на вистината, како и на прашањата – „Што ако Бугарија ги потроши сите дози, или евентуално го сврте грбот, колку животи ќе згаснат, па и колкумина ќе останат со тешки последици заради доцнењето на Филипче?“, СДСМ и власта одговорија „ВМРО-ДПМНЕ лажеше дека нема доволно тестови и заштитна опрема, денеска лаже дека ќе нема вакцини“ – реакција на СДСМ од 23 декември. Истиот тој 23 декември, Зоран Заев преку социјалните мрежи и медиуми пренесе „благодарница“ до Борисов за одлуката за донации на вакцини, со што лагата продолжи да се шири и натаму дека Македонија ќе започне вакцинирање против КОВИД-19 со сиот нормален свет! И ден денеска, Филипче, Заев и власта не знаат колку вакцини им се потребни, колку воопшто ќе добијат и дали воопшто ќе добијат, нивните ЛАГИ со вербални манипулации ОБЕЗБЕДИВМЕ или МАКЕДОНИЈА ОБЕЗБЕДИ ВАКЦИНИ, или ДОБИВАМЕ ВАКЦИНИ ВО ФЕВРУАРИ, МАРТ, не значат ништо конкретно! Ниту се знае кога ќе почне вакцинирање, ниту со кои вакцини, ниту од каде тие ќе пристигнат, порача Стоилковски.

Тој порача дека СДСМ и Владата пред да напишат реакција и соопштение за ширење на лажни вести наводно по оваа прес конференција, нека си ги препрочитаат пласираните соопштенија и изјави, а денешниов прес нека го разберат како мал придонес од ВМРО-ДПМНЕ за борбата со дезинформациите, како и кон борбата со лажните вести.

„Зоран Заев, Венко Филипче, Османи, Димитров, Шекеринска, Спасовски, се главните извори на лажни вести во државата и носители на поразите на Македонија и на народот! И пред во СДСМ и во Владата да напишат реакција и соопштение за ширење на лажни вести наводно по оваа прес конференција, нека си ги препрочитаат пласираните соопштенија и изјави, а овој прес нека го разберат како мал придонес од ВМРО-ДПМНЕ за борбата со дезинформациите, како и кон борбата со лажните вести! Филипче и Заев со месеци шират лажни вести дека обезбедиле вакцини и мора за тоа да сносат одговорност. Со лага ги наведоа медиумите, за тие да шират лажни вести! Тоа е спротивно и на штитењето на јавниот интерес, спротивно и на навременото и точно информирање, и на крај спротивно на градењето на доверба кон здравствените работници во Македонија, истакнн Стоилковски на денешната пре-конференција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This