Силното невреме ноќеска ги изненади жителите на Истра и Кварнер, пишуваат локалните медиуми.
Градовите биле погодени од пороен дожд, силен ветер, а за два часа биле забележани над осум илјади молњи. Како што пренесеуваат локалните медиуми, невремето пристигнало од Италија.
Температурата паднала за 5 степени Целзиусови.
„Истрамет“ наведува дека вчерашното невреме е само најава за промената на времето кое ќе почне денеска, а кое врвот ќе го достигне во средината на неделата за кога се најавени поројни врнежи од дожд и грмотевици.