(Видео) Таравари: Зоран Заев го штити Али Ахмети од затвор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во денешното гостување во „Прашањето ми е следно“, зборуваше за политиката на ДУИ која создава една перцепција дека Албанците во Македонија се иредентисти, имаат територијални претензии, бараат федерализација.

Таравари појасни како пред секои избори се случува едно дежа ву, Заев и Ахмети си нафрлаат навреди, за потоа за пола ден да седнат и да се договорат аз формирање влада.

„Заев имаше огромен број на материјали коишто беа компромитирачки за Али Ахмети и вие ги гледате сега што се објавуваат одредени материјали дека Заев ги кажува јавно дека го штедел, го штител Ахмени, не ги извадил основните работ, меѓутоа, и тоа што ги извади, можеби еден посто, и таму имаше многу компромитирачки материјали за коишто требаше да има некаков предмет за некои функционер на ДУИ. Оти не не нормално 20 и некои години Али Ахмети да имал функционери и ниеден од нив да не згрешил никогаш.“потенцираше Таравари.

Тој се пошегува дека да ја чуваме ДУИ како политичка партија која нема да се случи и следните сто години, да не згреши никој од нив.

Меѓутоа, посочи Таравари, Маџар Телеком, имаше материјали, имаше сведоци, дури имаше епилог случајот во Њујорк, не верувам ви Њујорк да било нешто фалсификат, а овде ништо не се докажа, за МАџар Телеком, што се случи, кој беа луѓето. Барем граѓаните треба да знаат што се случило.

Таравари го посочи и пописот кој требаше да се спроведе 2011 година, но и некои други инциденти кои се директно поврзани со функционери на ДУИ.

„Значи и таму имаше одредени суми на пари и одредени договарање за проадвање и менување на гласови и полнење на кутии, и повеќе полно други скансали, како сега што е Маврова објектот, се гради, нели не се знаеше еден месец не може да најдат кој го гради објектот кај МАквровка за да го сружат. Па потоа не можеа уште еден месец да најдат кој ќе го сруши“, рече тој.

И повторно сега гледаме таму се гради еден друг објект на истото место, значи и полно други материјали кои не ми текнуваат сега, и барем за еден функционер на ДУИ да имаше еден судски завршен случај. За ниеден од нив, нагласува Таравари.

И што зборува ова, каква е пораката до обичниот граѓанин, како што има една реклама на К-15, кога заира полицаец некој член на ДУИ и вади членска книшка на ДУИ и возачка и лична карта и пасош и ако треба и лиценца за убивање, никој не одговара, знаете се случува често да пукаат луѓе меѓу севе во Чаир, Сара, тие се активисти на ДУИ кој одговарал од нив?, прашува Таравари нагласувајќи деа веќе следниот ден нема ни записник од полиција дека се случило тоа.

Ова е разочарувачки за еден граѓанин на Република Македонија дека институциите се слективни во однос на правдата и тоа е една од главните причини зошто луѓето ја напуштаат МАкедноија, заврши Таравари

„Прашањето ми е следно….“, 10-та епизода, прва сезона

„Прашањето ми е следно….“, 10-та епизода, прва сезона Гостин:Арбен Тараавари

Posted by infomax.mk on Thursday, February 11, 2021

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This