(Видео) Тасева за афeрата со пасошите: Системот точно знае кој ги изготвил пасошите, но треба да се истражи зошто и каде затаил системот на контрола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Слаѓана Тасева, претседателката на здружението Транспаренси Интерншнл во Македонија во вечерашното гостување во емисијата Неделн брифинг на порталот Инфомакс се осврна и на аферата Двојник, односно издавањето на пасоши со македонски идентитети на странски криминалци барани со меѓународни потерници.

„Тоа како се случило, според мене е многу сериозен показател дека таму работите не се добри, дека нешто не е во ред. Тоа апсолутно не смеело да се случи. Јас се залагам тоа да го истражи некој сосема независен и од надвор затоа што тука тие дејствија коишто се одвивале и траеле повеќе години и се однесуваат на повеќе од 200 луѓе вклучително и босови на организирани криминални групи кои што ги бара и Интерпол и другите меѓународни организации низ светот. Многу лошо тоа зборува за нас како држава дека ние сме се поставиле како заштиници на високиот организиран криминал со тоа што сме им овозможиле тие безбедно да се движат и делуваат насекаде каде што се движат и се одвиваат новните криминални активности. Не можеме ние од тоа да бегаме и тоа не смееме да го сведена на тие седум извршители коишто сликаат и изготвуваат пасоши затоа што тоа не можеле тие самите да го прават. Системот точно ќе ти каже кој точно го изготвил тој пасош. Но зошто го изготвил, тоа е работа којашо треба да ја истражи некој независен меѓународен орган“, посочи Тасева.

Тасева додаде дека од оваа афера треба да си ја научиме лекцијата и извлечеме поука за тоа каде затаил системот на контрола внатре во самото министрество за внатрешни работи.

Емисијата Неделен брифинг на Сотир Костов и Слаѓана Тасева на Инфомакс можете да ја погледнете ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This