(Видео) Тетово ја одржува просечната плата во туризмот – и на танчарките

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 10.01.2021 полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Тетово и Одделот за специјални полициски операции презедоа мерки и активности на територија на СВР Тетово и утврдија дека работи угостителски објект во близина на автопатот Тетово-Гостивар, а биле затекнати и 18 женски лица (15 од странство- Русија, Украина, Бугарија, Србија, БиХ, Латвија и три од РСМ), кои работеле како танчерки и придружнички на гости, а три женски лица од странство биле затекнати во собите од мотелот.

Странските државјанки се приведени и предадени на Одделение за странци и реадмисија при РЦ Север за понатамошно постапување. При претресот кај А.А. (30) е пронајден и пиштол, кој е одземен за понатамошна постапка, а А.А. е приведен. Во објектот биле затекнати 49 гости и седум вработени во угостителскиот објект и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за непочитување на Одлуката на Владата за рестриктивни мерки за работа на угостителските објекти заради заштита на населението од Ковид 19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This