(Видео) Трипуновски: Владата и ресорниот министер признаваат дека дупката во буџетот во делот на исплата на субвенции е огромна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Цветан Трипуновски – дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска беше во посета на Крушевскиот регион, во посета на Норово, Пресило и Бучим.

Трупуновски разговараше со земјоделците околу актуелните проблеми и сите оние политики кои што во моментов се актуелни во земјоделскиот сектор. Тој накратко најави и неколку работи кои што ќе бидат приоритет на идната влада која ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ.

Едноставно овие теренски посети кои што ги правам изминативе 6 месеци како технички министер за земјоделство е да ја следам ситуацијата директно од терен затоа што тука се и проблемите, тука се и решенијата, нагласи тој.

Трипуновски потенцираше дека комуникацијата со овој сектор мора да биде на дневна база.

Денеска ќе разговараме за сите актуелни теми меѓу кои и тутунопроизводството за нареднава реколта која што е иста така една од битните теми, а како што знаете имаме во најава дека ќе се случат некои проблеми кои што не би сакал да ескалираат, едноставно сега во овој разговор да превенираме што би можеле да направиме во наредниот период, рече тој

Во врска со мерката зелена нафта за 2020, Трипуновски потсети дека неколку дена одржа и прес конференција на која обелодени дека министерството за земјоделство преку Владата на еден подмолен начин ја измени програмата и од предвидените 280 милиони денари кои што беа за оваа година предвидени, одзема 100 милиони денари и ги стави во ставката исплата на заостанати субвенцииИсто така се интерсираа луѓето околу мерката зелена нафта за 2020.

Тоа, како што изјави тој, практично од една страна значи дека таа таканаречена мерка зелена нафта доживеа колапс, а од друга страна Владата и ресорниот министер признаваат дека дупката во буџетот во делот на исплата на субвенции е огромна, така да ова е повеќе од жална ситуација што се случува во моментот, меѓутоа, додаде Трипуновски, јас сум оптимист знам дека доаѓаат подобри времиња и за Република Македонија и за општина Крушево.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This