(Видео) Трипуновски: “Ceдyм caнтимeтpи гo дeлaт Охридското езеро од екoлoшкa kaтacтpoфa”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се наоѓаме покрај Охридското езеро, бисерот на Македонија, кој заради расипничката влада и Зоран Заев е пред еколошка катастрофа. Езерото е на само 0.07 метри до нивото на минималната кота, односно до истата има уште 7 центиметри, вели Цветан Трипуновски од ВМРО – ДПМНЕ.

Само уште 7 центиметри го делат Охридското езеро од еколошка катастрофа. Досега езерото изгубило многу вода, а моментално водата е падната за 58 центиметри од максималната кота на езерото. Откако Охрид беше на прагот на да го изгуби статусот на УНЕСКО, сега е на прагот да доживее еколошка катастрофа. Охридското езеро е дом на 17 видови на риба, од кои 10 се ендемски, исто така езерото има голем број на ендемска флора, на која со евентуална еколошка катастрофа и се ризикува нејзиниот опстанок- вели Цветан Трипуновски.

Охридското езеро, потенцита тој, е испразнето како резултат на зголеменото испуштање на вода во реката Црни Дрим се со цел производство на струја во двете хидроцентрали низводно на реката, и сето тоа за да се засити желбата за профит на Зоран Заев.

Зоран Заев и СДСМ не сфаќаат дека Охридското езеро е своевидна природна реткост и светско природно наследство која нашата држава за среќа ја има и како такви сме должни да се грижиме за него, како заради нас самите нас, така и заради целиот свет. Се ризикува животната средина, се ризикува туризмот и се ризикува нормалното живеење на сите во регионот. Зоран Заев и владата мора да понесат одговорност за оваа состојба- рече Цветан Трипуновски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This