(Видео) Тројца повpeдeни во ekcплозиjата во Чачак, евakyирани 350 лица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Две недели по силните експлозии во фабриката за наменска индустрија „Слобода“ во српскиот град Чачак, синоќа повторно се слушнаа детонации од истото место.

Тројца работници се полесно повредени, а еден е задржан на одделение за интензивна нега на лекување, јави Бета.

Евакуирани се околу 350 лица кои живеат во близина на фабриката. Во текот на ноќта беше изгаснат пожарот, по што дел од евакуираните се вратија во своите домови.

Според првите податоци, синоќешната детонација предизвикала пожар надвор од фабричкиот круг на две места.

Детонацијата ги искрши прозорците во еден погон на фабриката, при што тројца работници се здобиле со исеченици.

Ноќта мина без нови детонации и инциденти, а беспилотни летала го надлетуваа кругот на фабриката.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This