(Видео) Туристите помагале во гaceњето на огнoт, истpaгата ќе потврди дали пожapoт кај „Аурора“ избyвнaл поpaди човечки фактор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пожарот што вчера околу 14:30 часот избувна во близина на туристичкиот комплекс „Аурора“ крај Беровското Езеро брзо беше локализиран. Според информациите Сашко Руменовски, командирот на Територијалната противпожарна единица од Берово, во огнената стихија е опожарена површина од околу пет декари.

Дојавата во ТППЕ Берово е примена околу 14:30 часот, по што од наша страна е интервенирано со две возила, една цистерна и возило „бремач“. Во гаснењето учествуваа четворица пожарникари на кои помош им пружија и вработени во комплексот, како и туристи. Во моментот пожарот е локализиран, но наши екипи остануваат во обиколка на теренот, информираше Руменовски за МИА.

Причините за пожарот ќе бидат познати по извршениот увид, иако како можен причинител се наведува човечки фактор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This