(Видео) Турција на нозе: Големи пpoтecти во Истанбул поради нaпyштањето на Истанбулската конвенција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Илјадници луѓе во Турција протестираа против повлекувањето на нивната земја од Истанбулската конвенција, меѓународен договор за спречување на семејното насилство и насилството врз жените.

Демонстрантите во центарот на Истанбул носеа транпаренти: “Не се откажуваме од Истанбулската конвенција. За нас не е готово”.

Протести се одржале и во крајбрежниот град Измир, главниот град Анкара и други градови, секогаш со масовно присуство на полицијата.

„Турција ги врати 10 години наназад правата на жените“, рече генералниот секретар на Амнести Интернешнл, Агнес Каламард, нарекувајќи ја одлуката на Турција непромислена и опасна порака бидејќи насилниците може да избегнат казни.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс изјави дека повлекувањето на Турција од конвенцијата е длабоко разочарување.

Претседателот Таип Ердоган го објави повлекувањето на Турција од конвенцијата во март, а одлуката стапила денеска на сила.

Турското раководство го објасни напуштањето на документот со тврдење дека тој бил киднапиран од оние кои сакале да ја легализираат хомосексуалноста.

Во своето обраќање, Ердоган рече дека некои во Турција сакаат погрешно да ја претстават одлуката како чекор назад за земјата.

„Нашата борба против насилството врз жените не започна со Истанбулската конвенција, ниту ќе заврши со нашето повлекување.

Турскиот водач смета дека државата веќе има ефикасни закони против насилството, затоа најави акционен план за ширење на јавната свест за семејното насилство.

Истанбулската конвенција е создадена од Советот на Европа во 2011 година и се обидува да создаде правна рамка на континентално ниво за спречување и борба против насилството врз жените.

Овој проблем сè уште е раширен во Турција. Најмалку 300 жени биле убиени минатата година во Турција.

Истанбулската конвенција досега е прифатена од 35 држави, а други 11 не ја ратификувале, стои на веб-страницата на Советот на Европа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This