(Видео) Хаос во БиХ, мигpaнтите се судрија со полицијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Силни полициски сили морале да интервенираат вечерва за да ги смират инцидентите што избувнаа во еден од центрите за прием на илегални мигранти во околината на Сараево, додека неколку се повредени.
Ова го потврдил портпаролот на сараевската полиција, Мирза Хаџиабдиќ.

Тој рече дека најмалку двајца полицајци и еден вработен во Меѓународната организација за миграција (ИОМ), која управува со прифатниот центар, се повредени во судирите предизвикани од мигрантите во кампот Блажуј.

Мигрантите оштетиле и неколку полициски возила, а фотографиите што ги пренеле локалните медиуми покажуваат превртени автомобили со искршени стакла. Инцидентите имале такви размери што припадниците на специјалните полициски единици морале да интервенираат со кучиња.

Полицијата потврдила дека неколку мигранти биле приведени за насилно однесување и се водат истраги.
Според достапните информации, конфликтот избил кога вработените во ИОМ се обиделе да пренесат еден од мигрантите ,кој претходно ги охрабрувал инцидентите, од кампот Блажуј во друг камп.

“Ова е мигрант, кој всушност е водач на една од групите во овој камп. Мигрантите се обидоа насилно да го ослободат, по што дојде до конфликт”, изјави портпаролот на полицијата.

Постојат два кампа со илегални мигранти во околината на Сараево, а нивниот капацитет е нешто повеќе од две и пол илјади легла.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This