Откако полицијата употреби солзавец против демонстрантите, кои во кампот Мориј фрлале сокамења, властите соопштија дека се уапсени 35 мигранти поради нарушување на јавниот ред .
Според нивните тврдења,демонстрантите исто така внатре и пред кампот подметнале пожари.
Повеќе од 14.000 мигранти останале заглавени на Лезбос и на други грчки острови во близина на Турција.
Забрането им е да патуваат на грко копно, после договорот кој е донесен помеѓу ЕУ и Турција минатата година, со што се ограничува миграцијата кон Европа.