(Видео) Хрватскиот амбасадор во Србија трогнат од хуманоста по земјотресот заплака

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нема зборови со кои може да опише колку значи поддршката, вели хрватскиот амбасадор во Србија, Хидајет Бишчевиќ, кој крајно емотивно реагираше на пораките за поддршка од српските граѓани.

Пред хрватската амбасада денеска во Белград се одржа собир во знак на солидарност со жртвите од разорниот земјотрес во Хрватска. На собирот за солидарност пред хрватската амбасада во Белград активистката Аида Чоровиќ изјави дека ниту короната, ниту дождот ниту земјотресите не може да ги спречат белграѓани да ги сакаат своите пријатели, да промовираат меѓусебна почит и, како што рече, во овие сурови услови, со солидарност и поддршка да покажат дека луѓето на овие простори имаат многу повеќе заеднички работи отколку разлики.

Србија со милион евра ќе помогне на Хрватска. Хрватска изгуби седум жители и претрпе штети по земјотресот од 6.2 степени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This