(Видео) Човек прима инфyзија во дворот на болницa, а Филипче тера ПР и не си дава ocтавка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нeсериозноста и нecпособноста на Филипче не донесе во ситуација болничките капацитети да бидат преполни со пациенти заразени со КОВИД-19, уште пред почетокот на зимата и сезоната на грип. Нема слободен кревет, а здравството е дојдено до степен пациенти да примаат инфузија во дворовите на клиничките болници. Жалосно. За ова одговорност мора да има, истакна Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека од есен бројот на заболени ќе се зголеми, но Филипче осум месеци не направи ништо, ниту нови болнички капацитети, ниту пак зголемување на кадарот. Сега имаме над 2.000 заразени во два дена, колку што велевте дека ќе има во тек на цела пандемија, а бројките ќе растат и ќе стануваат пострашни, затоа што Филипче немаш план, доцниш со сите мерки. Први сме во регионот како по бројот на новозаразени, така и на починати на милион жители, а одговорност нема. Наместо одговорност и отчетност пред граѓаните, Филипче тера скап ПР со кој ги исмева граѓаните во целост, вели таа.

Порачува дека Филипче можеш парите што ги троши на ПР да ги даде за нови болнички возила.

-Тогаш нема твоите директори да молат за донации преку социјалните мрежи. Но, тоа ќе беше случај, доколку граѓаните ти се приоритет, а не политичката кариера. Филипче покажа дека не може само да работи за интересот на граѓаните. Затоа мора да си заминеш. Одговорност и оставка веднаш! – порача таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This