(Видео) Шпанија се coочyвa co нajcилнoтo cнeжнo нeвpeмe во последните 50 години: Нajмaлкy четири лица зaгинaa во бypaтa, вojcкaтa и спacyвaчкитe eкипи ce нa тepeн..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку четири лица загинаа во снежната бура Филомена во Шпанија, а сообраќајот е парализиран во некои делови на земјата.

Војската и спасувачките служби извлекоа 1.500 луѓе од автомобилите што останаа завеани на патиштата.

Маж и жена се удавија во река кога автомобилот им потонал во надојдената вода во близина на Малага, додека на истокот од земјата бездомник почина од смрзнување. Четвртата жртва е пронајдена во Мадрид, под големо количество снег.

Министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка ги повика граѓаните да не ги напуштаат своите домови без потреба.

– Се соочуваме со најсилното невреме во последните 50 години, рече тој.

Снегот парализира повеќе од 650 патишта, а некои возачи се завеани во автомобилите.

Училиштата и универзитетите во Мадрид ќе бидат затворени до среда, а аеродромот не е отворен од синоќа. Најмалку 50 летови се откажани.

Одложени се и фудбалските натпревари, вклучувајќи го и денешното дерби Примера Атлетико Мадрид – Атлетик Билбао.

Мадрид е погоден од најсилната снежна бура од 1971 година, соопшти метеоролошката агенција.

Во главниот град на Шпанија падна снег меѓу 25 и 50 сантиметри.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This