(Видео) ШТИП ДУВЛО НА НЕПОТИЗМОТ: Овие 5 семејства владеат со целиот град

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се уште не се завршени истрагите за првиот бран на непотизам од пред една година од страна на Антикорупциската Комисија, а сега веќе имаме нови бранови на непотизам буквално во сите градови во Република Македонија, изјави на денешната прес конференција Димче Арсовски.

Арсовски нагласи дека ова брзање е за функционерите на СДСМ што побргу повторно да си ги згрижат и унапредат своите блиски, свесни за падот што ги чека.Тој за пример го наведе градот Штип, каде вработување е возможно само ако имате родднинска врска со некој функционер. Буквално 5 семејства владеат со целиот град.

Ова се дел од вработените и нивните меѓусебни роднински врски.

Најпрвин вработени и унапредени е прва братучетка и зетот на Шекеринска, сестра на директорот на затворот во Штип. Именувани на раководни позиции и ќерките на поранешниот пратеник Рамбабов.

Мики Тодоров, поранешен втор човек во СДСМ Штип, инаку секретар на општинската организација е поставен за директор на зaтворот во Штип без соодветно образование и спротивно на зaкон и без ниту еден ден работно искуство. Не бележи некои успеси во работењето, дури имаше и бyнт во зaтворот од страна на зaтворениците, но бележи успeси во вработувањето своите роднини. Истиот Мики Тодоров си ја вработил сестра му како библиотекарка во ООУ „Тошо Арсов“.

Втор пример, ќерката на екс пратеникот од СДСМ Рамбабов, Емилија Рамбабова е назначена за нов директор на медицинското училиште во Штип, додека пак сестра и на Емилија, односно втората ќерка на поранешниот пратеник Рамбабов е назначена за нова директорка на Клиниката за нефрологија во државната болница во Скопје.

Трет пример, нормално покуса не останала ниту Радмила Шекеринска, каде што имаме пример нејзината прва братучетка Дијана Шишкова е именувана за началник на инфективно одделение во Клиничка Болница Штип, а нејзиниот сопруг, односно зетот на Шекеринска е назначен за раководител на одделението за ортопедија.

Ова се само дел од примерите на непотизам наведени во изјавата на Арсовски, каде што СДСМ јасно покажуваат со ова дека се уплaшени од претстојните избори.

Свесни дека ќе паднат од власт, ја okyпираат државната и јавната администрација со нивни блиски роднини, вршејќи непотизам од највисоки размери.

Оваа eпидемија на непотизам која со тек на време, изминатата година прерасна во чума низ целата држава мора да прeкине.

Се ближи 12-ти април, и веднаш потоа почнува обновата на Македонија. Одговорност за се, мора да има и ќе има.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This