(Видео) Штo aкo Јyгocлaвиja ce oбeдини денec?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Интересно видео на каналот на Јутуб за алтернативна историја доби вирални пропорции, откако го постави прашањето што ако денес повторно се обедини Југославија.

Коментарите на видеото, но и на нараторот посочуваат на мноштвото проблеми кои ги има овој регион пред и се со меѓусебни конфликти на соседните држави.

Популацијата на Југолсавија денес би изнесувала околку 21 милион жители што е за 3 милиони жители од Југославија пред распадот. Оваа држава би била 8-мата најнаселена држава во Европа веднаш пред Романија и зад Полска.

Нараторот го поставува и прашањето дали ваквата Југославија би била дел од Европската Унија.

БДП-то по глава на жител би изнесувало окол 18 илјади долари, додека во Македонија денес истото изнесува околку 6 илјади долари.

БДП-то на ова нова креација би изнесувало 191 милијарда долари што би ја направила новата Југославија 53 економија во светот, веднаш пред Романија и зад Чешка.

Територијата би била најблиску до територијата на Велика Британија, додека Македонците би биле само 6 проценти од популацијата.

Мнозинството во проценти би биле православни со 43 проценти, 27 проценти католици и 22 проценти муслимани.

Армијата би изнесувала 228 илјади војници бројка која е блиска до армијата на Велика Британија со 234 илјади војници.

Загреб и Белград би биле најголемите градови, а Белград најверојатно би бил главниот град на оваа држава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This