(Видео) ШТО ДОГОВОРИЛЕ ЗАЕВ И АХМЕТИ: Со реконструкцијата министерството животна средина го превзема СДСМ а за возврат ДУИ го добива транспорт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во седиштето на Бихаќка денеска попладне се очекува седница на Централниот одбор на СДСМ на која главна тема ќе биде операцијата метла.

Кадровските пpoмени главна тема на седницата на Централниот одбор на СДСМ. Премиерот и претседател на социјалдемократите, Зоран Заев со највисокото партиско раководство ќе pacправа кој и зошто треба да си замине од досегашната функција.

Седницата следи неколку дена откако Заев ги paзреши речиси сите претседатели на општинските одбори на СДСМ и во пресрет на најавената владина реконструкција.

Аналитичарите очекуваат Заев да ја искористи меѓународната и домашната поддршка за операцијата „Метла“ и да ја реализира најавената владина реконструкција и смените во директорските фотелји.

Рамадани очекува, по речиси реализираните амбиции на меѓународен план, Заев да избере кадри чиј фокус сега ќе бидат секојдневните пpoблеми на граѓаните.

Заев најави дека списокот со имиња на функционерите кои ќе си заминат како и причините ќе ги објави во првата половина од јуни. Се најавува дека ќе направи смени на осум министерски позиции. Дел од неофицијалните информации говорат дека на коалициониот партнер, Али Ахмети на последната средба минатата недела му предложил СДСМ со реконструкцијата да го преземе ресорот животна средина, а за возврат ДУИ да го добие министерското место во транспорт и врски.

Извор: kanal5.com.mk

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This