(Видео) Што се смени? Пред четири години Меган Маркл имаше само пофални зборoви за кралското семејство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Интервјуто кое што Меган Маркл и принцот Хари го даваа пред 4 години овие денови повторно е популарно.

За само неколку денови, ова видео било прегледано над 10 милиони пати.

Тогаш, сè уште верениот пар во ноември 2017 година објавиле дека ќе се венчаат, а тоа поради што ова интервју повторно е популарно е начинот на кој што Меган зборува за кралското семејство.

На прашањето „како ја прифатиле членовите на семејството на Хари“, Меган одговорила:

„Прекрасно. Ми помогнаа да се чуствувам како дел од институцијата, но исто така и како дел од семејството“.

Парот во интервјуто го пофалил и односот на принцот Вилијам и војвотката Кејт кон Меган и нагласиле дека имаат голема поддршка од нивна страна.

Меган, според нејзините зборови, најмногу била воодушевена од односот на кралицата Елизабета кон неа. Таа исто така не пропуштила да ја пофали ниту љубезноста на принцот Чарлс.

Принцот Хари изјавил дека му олеснило кога сфатил дека Меган своите кралски должности ќе ги извршува одлично. Во рок од четири години очигледно дека многу од работите се смениле.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This