(Видео) Штo ce cлyчyвa?: Hoвa ekcплoзиja вo фабpикaтa „Слoбoдa“ вo Чaчaк

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Синоќа се случила уште една експлозија и пожар во фабриката за наменска индустрија „Слобода“ во Чачак, јавуваат медиумите во регионот.

Според нивните извештаи утрово се гледал чад над кругот на фабриката, но полицијата не дозволувала никој да влегува.

Работниците на „Слобода“ биле повикани утрово да се вратат на работа, но не им било дозволено ниту да влезат во кругот на фабриката, пишуваат агенциите.

Серија експлозии и пожари се случија во фабриката ноќта меѓу четвртокот и петокот минатата недела, но никој не беше повреден.

Работниците кои работеа во ноќна смена, како и граѓаните кои живеат во близина на фабриката беа евакуирани на време.

Пожарот и експлозијата се случија во посебен дел од фабриката, кој е наменет за складирање на елементи за комплетирање на запалки и готови производи за муниција од мал калибар.

Експертите сè уште ја утврдуваат причината за првата несреќа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This