(Видео) Ѓеорѓиевски: Co мojот тим имaмe пpoгpaмa коja имa цeлocен oпфaт зa cитe кaтeгopии нa нaши coгpaѓани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сакам да ви се заблагодарам најнапред од срце за сесрдечната поддршка која секојдневно ја добивам од ваша страна за подадената рака од ваша страна цел изминат период и да ве замолам сите останати без разлика на политичка партија, без разлика на вера и нација да ни се приклучите во наредниот период затоа што треба сите заеднички како граѓани на општина Кисела Вода да ги заокружиме промените на 17 октомври, рече Орце Ѓеорѓиевски, кандидат за градоначалник на Кисела Вода во изјава пред просториите на општина Кисела Вода.

Тој укажа дека со својот тим има програма која како што рече „има целосен опфат за сите категории на наши сограѓани, односно во неа има проекти и за најмладите и за средните генерации, но има и за највозрасните”.

„Ве замолувам истата да ја погледнете бидејќи 4 години наназад нашата општина не само што има стангација, туку и има и назадување. Време е сите заеднички како граѓани на општина Кисела Вода да ги донесеме промените, да  направиме  реалзииација на нови крупни проекти кои ќе значат промена на условите за живот овде во Кисела Вода за сите наши сограѓани”, кажа Ѓеорѓиевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This