(Видео) Ѓорѓиевски: Ви благодарам за огромната доверба која ми дадовте, јас сум и останувам Ваш човек

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Орце Ѓорѓиевски, кандидатот за градоначалник за Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ, со освоени 52,50%, односно 14.691 го извојува победа уште во првиот круг.

Ѓорѓиевски преку видео обраќање страна им се заблагодари на гласачите за искажаната доверба и вети дека заедно со нов ќе ја оствари визијата за поубав живот во модерна општина

„Почитувани сограѓани, мои соседи! Ви благодарам за огромната доверба која ми дадовте.
Резултатите од овие избори јасно покажуваат дека на граѓаните на Кисела Вода им се потребни, проекти и решенија со кои ќе ја оствариме нашата заедничка визија за поубав живот во модерна општина, во општина во која граѓанинот ќе биде центарот на вниманието. Од денес започнуваме со работа за да ги реализраме сите проекти кои што ви ги ветив во програмата која што заедно со вас ја создававме. Кисела Вода ќе ја развиваме од Драчево до Црниче од Пржино до Цветан Димов од Расадник до Усје. Јас сум eден од вас, нема да ги делам граѓаните по ниту една основа, општината ќе биде отворена за сите, ќе бидам човек кај кого секој ќе може да се обрати. Јас сум и останувам Ваш човек!“, изјави Ѓоргиевски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This