(Видео) Јакимовски: Пpoблeмoт co пapкиpaњe ќe гo peшимe co мoнтaжни гapaжи нa пoвeќe лoкaции вo Карпош

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски денеска го објави планот за решавање на проблемот со паркирање на повеќе локации во општината.

Јакимовски најави дека нема да воведува наплата за паркирање, туку ќе го зголеми бројот на места за паркирање. За таа цел, кандидатот на ГРОМ за градоначалник на Карпош планира изградба на монтажни паркинг гаражи во Карпош 1, Карпош 3, Влае 2, кај Млечен и кај Министерството за економија, со што трикратно ќе се зголемат капацитетите за паркирање на тие места.

– Во Карпош речиси да нема семејство кое нема минимум две возила, што значи бројот на возила се зголемува. Затоа мораме да ги зголемуваме и бројот на паркинг места. Не мислиме тоа да го решаваме со ограничување, туку со зголемување на бројот на места за паркирање. Овој паркинг простор што е позади нас овде пред Порта Влае, во моментот прифаќа триесетина возила. Со едно ниво под земја и две над земја ние практично ќе можеме да примиме деведесет возила. Што значи, ќе го зголемиме капацитетот  три пати. Во исто време ќе поставиме и платформи од внатрешната страна на Порта Влае и со тоа граѓаните на Порта Влае и околните мештани од Влае 2 нема да имаат никаков проблем со паркирањето. Овој проблем на ист начин ќе го решаваме и во Карпош 3 и во Карпош 1 и оној дел кај Министерството за економија и кај Млечен ресторан, најави Јакимовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This