(Видео) Јакимовски ќe ги peкoнcтpyиpa cитe cпopтcки игpaлиштa вo oпштинa Кapпош

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски најави реконструкција на сите спортски игралишта во општината. Терените кои се изградени со самопридонес ќе добијат нови рефлектори, ќе бидат обновени оградите и секаде ќе биде поставена вештачка трева.

-Сите спортски терени во општина Карпош што се изградени со самопридонес ќе бидат целосно реконструирани. Ќе бидат обновени оградите, ќе бидат заменети рефлекторите и секаде ќе биде поставена вештачка трева. Конкретно ова игралиште овде во Нерези исто така ќе биде реконструирано.

Ќе биде изнивелирано по пропис, проширено, поставена вештачка трева, ќе ја поправиме оградата, а во исто време и детското игралиште кое е во близина, а кое во моментот изгледа мизерно, ќе го обновиме за да можат да го користат децата во овој дел од Нерези, рече Јакимовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This