(Видео) Јакимовски caкa кoмплeкcoт Етнo ceлo вo Hepeзи дa гo вpaти вo фyнкциja нa кapпoшaни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски денеска побара од владата на Република Македонија да го доделат комплексот Етно село во Горно Нерези на општината ако не се способни самите да го стават во функција.

Јакимовски нагласи дека е жално да пропаѓа таков објект кој може и тоа како да се искористи во интерес на граѓаните на Карпош, но и на цела држава.

Со повторното враќање во живот на Етно село, не само што ќе се зголеми бројот на домашни и странски туристи во општината, туку и ќе придонесе за нови вработувања, истакна тој.

– Не е ли жално на толку вложени народни пари овој објект да биде затворен? Да не биде на туристичката мапа на Карпош, на Скопје и на Република Македонија? Педесетина луѓе да ги изгубат своите работни места? Ако владата на Република Македонија не е подготвена да го стави објектот во функција да го доделат на општина Карпош. Сакаме овој објект да го ставиме во функција, да биде во интерес да граѓаните на Карпош и на Скопје. Да биде интересен објект за туристите кои што доаѓаат овде во нашиот град и во исто време да креираме нови педесетина работни места, вели Јакимовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This