(Видео) ЈАНУШЕВ: Здpaвјето на граѓаните е на прво место и кампањата ќе се одвива согласно состојбата и препораките

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Само што ги поднесовме кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ, победничките кандидатски листи кои што на изборите на 12-ти април ќе издвојуваат една огромна, убедлива, историска победа за обнова на Македонија, истакна Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

-Со ова практично го завршуваме овој дел од да кажеме пред кампањата, не очекуваат неколку дена каде што ќе ги поминеме пред се во однос на барање на алтернативни начини како да останеме во непосреден контакт со граѓаните притоа секако почитувајќи ги препораките и мерките пред се на Светската Здравствена Организација со оглед на моменталната ситуација во однос kopoнавирyсот.

На прашањето дали ќе ја водат кампањата преку социјалните медиуми и електронските медиуми или преку собири со граѓани, Јанушев одговори: Па како што кажав, бараме aлтернативни начини како да останеме во нeпосреден контакт со граѓаните а притоа нели нормално на прво место ни е здравјето и животот на граѓаните на Република Македонија и се ќе оди во таа насока како ќе се одвива кампањата.

Досегашните мерки и забрани кои што ги имаме во однос на собирите до 24, тоа е всушност и вториот дел, официјалниот дел на кампањата. Ќе гледаме како ќе се одвива целата ситуација во поглед на тоа ќе одлучиме како понатаму. Во следните неколку дена ќе соопштиме и конкретно што планираме да направиме и секако уште еднаш ќе потенцирам дека целокупните капацитети на партијата, целокупните капацитети на луѓето во партијата ги ставаме на располагање со се што можеме да помогнеме за полесно да се справиме со ова што се случува во државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This