(Видео) Љупчо Пренџов: “Oд вкyпниoт БДП нa дpжaвaтa oд 10.6 милиjapди eвpа, зa живoтнaтa cpeдинa oддeлyвaмe caмo 0.1 пpoцeнт – Toa e гoлeм пopaз зa мaкeдoнcкoтo oпштecтвo”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната собраниска седница пратеникот од “Гpом” Љупчо Пренџов, во однос на Комисијата за финансирање и буџет, истакна дека Владата во овој предлог буџет за 2021 година само 0,4 проценти одделила за заштита на животната средина и природата, што според него е голем пораз за ова македонско општество.

„Помина општата расправа за буџетот за оваа 2021 година и во оваа прилика во врска со амндманската расправа се обраќам само на пратениците од владеачкото мнозинство и на граѓаните со цел да се знае што ние ќе правиме во 2021 година односно кои ни се целите и нашите приоритети како држава во 2021. И сега доаѓа на ред да видиме дали сме посветени на нашите идеолошки матрици, дали сте посветени на ветувањата кои што ги дадовте на граѓаните бидејќи овој сет на амандмани во врска со животната средина пред се со аертозагадуувањето се многу важни“. – изјави Љупчо Пренџов.

Пренџов исто така додаде дека е голем пораз за македонското општество, тоа што на секои 1000 денари во буџетот даваме 4 денари за животна средина.

„Тоа што и се случува на Република Македонија е дека ние верувале или не од овој предлог буџет за 2021 година само 0,4 проценти одделуваме за заштита на животната средина и природата. Значи тука во 0,4 проценти се и заштита на воздухот и дивите депонии, заштита на почвата на реките значи се е тоа 0, 4 проценти од вкупната вредност на буџетот. Што е голем пораз за македонското општество, тоа е например на секои 1000 денари во буџетот давате 4 денари за животна средина. Ете толку обрнуваме внимание на она за кое потрошивме денови и денови дебата, одредена политичка партија на власт доаѓаше со загадениот воздух со зеленилото со почвите а денес четврти буџет го кроите и четврти пат имаме 0,4 проценти од буџетот за животна средина. На вкупниот џи-ди-пи на државата од 10,6 милјарди евра ние за животна средина одделуваме 0,1 процент. На се она кое што го заработууваме сите и го торшиме вои ова општество 0,1 процент даваме за животна средина односно на секои 1000 денари даваме 1 денар за животна средина, ама пак за тоа ние се полни устите со борба за тоа дека треба да разговараме дека треба да оделиме пари и тоа дека ЌЕ го направиме”.

“За потсетување власта ветуваше милјарди инвестиции во животна средина а вие давате 0,1 процент од џи-ди-пи и до кога така. До кога никој нема да излегува навечер во Скопје бидејќи е многу загадено“. – истакна Љупчо Пренџов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This