(ВИДЕО) ЌЕ ОДИ НА СТРУЈА: Maserati тестира електричен мотор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

“Музиката се менува” е насловот на краткото видео кое Maserati го објави на својот YouTube канал, а со кое го најавува својот прв, целосно електричен мотор.

Италијанскиот производител на премиум спортски автомобили започна со тестирање на моторот кој премиерно ќе биде претставен следната година. Оттука се појавува и римскиот број MMXXI.

Премиерата закажана следната година ќе се одржи заедно со премиерата на првиот електрифициран автомобил на овој бренд. Од претходно е познато дека токму следната година премиерно ќе биде претставен првиот електрифициран Maserati автомобил. Станува збор за моделот Ghibli преку кој ќе започне освојувањето на новосоздадениот пазарен сегмент.

Според стратешкиот план, по премиерата на Ghibli следат и два нови електрични модели кои доаѓаат како наследници на GranTurismo и GranCabrio.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This