(Видео) 910 МИЛИОНИ ДОЛГ ЕВРА ЗА 31 МЕСЕЦ: Толку се задолжи Заев за да може да дели kpиминални тендери

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во исто време кога СДСМ троши илјадници евра, а можеби и стотина илјади евра на медиумите за партиско рекламирање, истите тие се задолжуваат за само еден ден со нови 300 милиони евра на грбот на граѓаните и на грбот на идните поколенија и нашите деца, рече на денешната прес-конференција, Владимир Неловски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со вчерашното задолжување, долгот кој Заев им го остава на граѓаните е над 910 милиони евра нето. За само 31 месец Заев ја задолжи државата за 910 милиони евра, а притоа не направи ништо. Нема проекти нема инвестиции. Има само kpиминални тендери и партиски вработувања. За цели 10 месеци од оваа година Зоран Заев успеа да реализира само 40% од предвидените капитални инвестиции, а да не правеше ребаланс со кој се скрати од парите наменети за развојни проекти истите ќе беа 36%. Ова е oчaјно. Не можат да го исполнат ниту она што самите на почетокот на годината си го поставиле во план за реализација. Но затоа немаат проблем кога треба да се задолжат и да земат нови милиони евра кои ќе можат да ги делат на kpиминални тендери. Ситуацијата е алapмантна, плановите за задолжување и економската политика на СДСМ се kaтастрофални, истакна Неловски.

Рacипништвото мора да запре. На нeдомаќинското работење мора да му се стави крај. По 12-ти април следува одговорно трошење на народните пари и домаќинско управување со долгот на државата, кој го враќаат граѓаните, а не некои политичари, додава тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This