(Видео) BOHPEДНА СЛИКА НА „ТАБАНОВЦЕ“: Полицajците и цариниците со мacки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вонредна слика на граничниот премин Табановце. Граничната полиција и царинарниците носат заштитни ракавици и маски. Колку – толку ги прават и редовните рутински контроли барем, така велат луѓето со кои разговаравме. Патниците се прашуваат каде патувале и дали имаат некакви симптоми, а посебен акцент се става на оние патници кои што пристигнале од критичните региони.На преминот има и соба за изолација и дежурни епидемиолози, но досега немало ситуација патник да биде дополнително тестиран и изолиран.

„Табановце“ е најфреквентното место каде влегуваат лица кои патуваат од Северна Италија. Досега, од кога е пријавен првиот случај на коронавирус во земјава, од Северна Италија поминале околу 250 патници со автобус и околу 70 со сопствен превоз.

На граничниот премин Табановце, невообичаено мирно за овој период од годината. Надлежните велат, коронавирусот е причина за ваквата состојба.

Додека засилените мерки се во ек….Паниката од корона вирусот во Македонија полека стивнува.Нема нови пациенти кои јавиле симптоми на коронавирус и кои се тестираат. За веќе објавените резултати министерот за здравство Венко Филипче рече дека истите се потврдени и во лабораторија во Германија која е супервизија на нашата лабораторија.

“Набавката на дополнителна заштитна опрема е во тек. Во текот на вчерашниот ден го потпишавме договорот за дезинфекциските средства и тие веќе од утре ќе бидат дистрибуирани со помош на локалната самоуправа во основните училишта, каде за тоа има потреба “ – изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски апелира до граѓаните да се придржуваат до мерките. Изјави дека има и несовесни граѓани кои се враќаат од Северна Италија и се пријавуваат на работа. Во однос на зголемување на цените на заштитни маски и средства за дезинфекција, Спасовски најави дека владата најостро ќе реагира, затоа што во рамки на криза не може никој да профитира. Во меѓувреме, корона „треската“ и тоа како владее во светот. Нивото на ризик од „умерено“ премина на „високо“.

 

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This