(Видео) Ce mpднa светов: Мaж со автомобил влeтaл во трговcки центар и почнал да kpши по kaвга со аптекap

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистинска филмска сцена се одвивала денеска околу пладне во Загреб, откако маж почнал караница и тепачка, по што со автомобил влетал во трговскиот центар. Луѓето исплашени бегале и се криеле по дуќаните, пренесува хрватски „24 сата“.

Како што раскажуваат очевидци за порталот, тој прво се искарал со фармацевтот од аптеката во склоп на објектот, по што почнал и да го тепа, а гневот го истурил и врз жена која била таму присутна. Потоа излегол надвор и со автомобилот се залетал и се забил во влезната врата и целосно ја уништил. Потоа повторно излегол од автомобилот и почнал да крши сè околу себе.

Кога решил дека е доста, се обидел со автомобилот да излезе рикверц, но не му успеало. Кога сакал да излезе, муштерии успеале да го совладаат и да чекаат додека не дошла полицијата.

Видеото погледнете го тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This