April 27, 2024, 10:15 am

(Видео) Cpбите нe caкаат да учат арапски броеви: Уpнебecна анкета во Србија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На социјалните мрежи кружи видео од анкета во која српски граѓани одговараат на прашањето: “Како ја коментирате одлуката на Александар Вучиќ што поради Сиријците, децата во училиштата мораат да учат арапски броеви?”

Aнкетата е направена минатата година за потребите на емисијата “Контравизија” која на ТВ “Пинк” ја води Лав Григорије Пајкиќ.

“Ужасно, жими мајка! Тоа е навистина непотребно. Нашите деца веќе се оптеретени со многу глупости, сега уште и арапски броеви. За тоа потои факултет каде се учи арапски јазик”, велат анкетираните граѓани.

Други додаваат: “Не ја поддржувам одлуката затоа што мислам дека децата се премногу оптеретени. Не сум учела арапски броеви во училиште”.

Една од анкетираните жеи вели дека ги знае арапските броеви, но како што вели “не сака да покаже како изгледаат среде Србија која е православна земја”.

Едно младо момче пак вели дека за арапските броеви слушнал на телевизија и прочитал во весниците, затоа што сите зборувале на таа тема.

Анкетата е урнебесна од почетокот до самиот крај, погледнете во продолжение:

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This