(Видео) Eтнa пoвтopнo пpopaбoти – Cицилиja e пpeкpиeнa co пeпeл и чaд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вулканот Етна е повторно активен, а Сицилија е прекриена со пепел и густ чад.

Вулканот Етна на јужниот италијански остров Сицилија е повторно активен, а вистинска фонтана од лава се спушта на југоисточната страна на вулканот, известува агенцијата “Agi”.

На ерупцијата и претходеле неколку експлозии кои се слушнале далеку, од кратерот излегувал чад, а околните места се покриени со вулкански пепел.

И покрај густиот чад и пепел, авионскиот сообраќај на аеродромот во Катанија, центарот на Сицилија, засега не е прекинат.

Според соопштението на Националниот институт за геофизика, изворот на лавата се наоѓа на висина од 3.000 метри над морската површина. Вулканот Етна УНЕСКО во 2011 година го вброил во светските наследства.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This