April 27, 2024, 12:41 am

(Видео) Ekcплозија во Белград, има и зaгинaти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Силна експлозија одекна околу 14 часот во Бубањ Поток, а густ чад лебди над таа приградска белградска населба. „Вечерни Новости” објавија дека две лица го загубиле животот. Според „Телеграф”, во експлозијата во фабриката има загинати, а еден работник кој бил заробен пожарникарите успеале да го извлечат, јави дописникот на МИА од Белград.

Експлозија се случила во фабриката во населбата Лештане во Белград, соопштија за „Данас” од Министерството за внатрешни работи на Србија. „Нова.рс” јавува дека несреќата се случила во компанијата „Еде про” во Лештане, која произведува делови за ракети, ракетни турбо мотори и гориво, а во моментот на експлозијата во фабриката имало работници. Во Ургентниот центар во Белград се примени две лица, во тек е дијагностика, потврдија за Н1.

Во тој дел на Белград почувствувани се силни детонации.

Веднаш по експлозијата испратени се 11 возила со 36 пожарникари, а потоа и засилување, изјавија за РТС од МВР.

Како што дознава „Нова.рс” од жителите на приградската населба Лештане, експлозијата била силна, а на некои граѓани искршени им се прозорците.

Видеата можете да ги погледнете ТУКА и ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This