(Видео) Kpитично во Будинарци: Големиот пожар го стеснува огнениот обрач околу селото Будинарци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Големиот пожар го стеснува огнениот обрач околу селото Будинарци. Како што можи да се види и од самото видео пожарот претставува вистинска закана за ова село доколку надлежните не интервенираат брзо, односно истиот може да го зафати селото и имотите на мештаните.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, информираше дека огнот, благодарение на ветрот го променил правецот и се оддалечува од селото.

„Пред малку ветрот кој дува со променлива јачина, го смени правецот и сега огнот почна да се одалечува од селото. Покрај локалното население во обезбедувањето на селото учествуваат и пожарникари со цистерни од локалната самоуправа, а во непосредна близина на селото се наоѓаат и 45 австриски пожарникари со девет цистерни, како и дополнителна опрема и луѓе од Национални шуми. Во целиот овој регион се концентрирани уште многу сили, а попладнево дејствуваа и три хелихоптери кои рано наутро ќе продолжат со гаснење на пожарот“, посочи Ангелов.

Тој дададе дека селото е добро обезбедено со тампон зона и соодветна механизација и опрема, соопшти вечерва директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This