(Видео) Meнkинoвckи: За предметот на Камчев се заинтересирани повеќе меѓународни ентитети на Совет на Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Адвокатот на Јордан Камчев, господинот Тони Менкиновски одржа прес конференција за информирање на јавноста за детали од предметот незаконито лишување од слобода или „киднапирање“ на Камчев, за тоа како се води овој предмет и како се дели правдата во Република Македонија, како и за фамозната службена белешка врз основа на која неговиот клиент експресно заврши во притвор. Менкиновски истакна дека предметот за незаконито лишување од слобода или „киднапирање“ на г-дин Јордан Камчев е веќе предмет на опсервација и разгледување на повеќе меѓународни ентитети на Совет на Европа чиј мандат е заштита на основите човекови права, како и предмет на анализа и публикување во реномирани странски медиуми. Службената белешка, да потсетиме, сѐ уште не е доставена до одбраната од страна на Јавниот обвинител за организиран криминал и корупција на Република Македонија и покрај тоа што согласно законите, одбраната треба да ги добие сите докази користени во постапката.

„Поводот и причината поради која сме собрани е излегувањето на фамозната белешка доставена од страна на загрижен граѓанин и нејзината интерпретација од страна на Јавниот обвинител за организиран криминал и корупција на Република Македонија во средствата за јавно информирање. Белешката, морам да потенцирам, сѐ уште не е доставена до одбраната од страна на институциите на Република Македонија. Интерпретацијата на јавниот обвинител за организиран криминал и корупција, дека оваа белешка не е доказ во постапка е голема лага. Не знам која е причината да се зборува невистина пред македонската јавност, дали од причина што истата белешка се појави, дали содржината која ја има, имаме идно време „ќе“, но повеќе мислам дека причината е формата, бидејќи оваа белешка е користена како единствен и круцијален доказ врз основа на која Јордан Камчев е ограничен во својата слобода на движење“, изјави Менкиновски.

Тој појасни дека согласно чл.43 ст.2 од законот за АНБ, изрично е забрането податоците од АНБ да се користат како доказ во кривична постапка.

„Дали ова појавување на белешката во јавност ја натера обвинителката да тврди дека ова не е доказ и дека како доказ не е ценет, не знаеме, во иднина ќе треба да ни презентираа и да ни кажат зошто така го интерпретираат ова киднапирање на мојот клиент од страна на институциите на системот. Ние не знаеме дали ги има исплашено содржината на белешката, па сега се обидуваат да зборуваат невистина, дека истата не е доказ во постапката, а како што знаеме белешката е празна, не содржи ништо“, коментира Менкиновски.

Тој потсети дека одбрана во целиот арбитререн процес укажува на ова противправно и незаконито дејстување на АНБ и Јавниот обвинител. Но, ниту Судијата на претходна постапка, ниту кривичниот совет, ниту Апелационен суд не сакаат да обрнат внимание, и оваа белешка ја сметаат за единствен доказ во нивните одлуки, поради што се поставуваат прашањата:
-Зошто Јордан Камчев бил предмет на обработка на АНБ? Законските овластувања на АНБ се предвидени во Закон за агенција за национална безбедност, а согласно своите надлежности утврдени во истиот закон Агенцијата собира, обработува, анализира, проценува, разменува, чува и штити податоци и информации со цел откривање и спречување на активности што се поврзани со безбедносни закани и ризици за националната безбедност на државата согласно член 4 и тоа: шпионажа, тероризам и негово финансирање, насилен екстремизам и други активности поврзани со безбедносни закани и ризици за националната безбедност на државата и сл односно дела кои ја загрозуваат националната безбедност на државата.
– Дали Јордан Камчев претставува закана по националната безбедност со тоа што вработува 3000 луѓе, целокупниот бизнис му е во Република Македонија, само минатата година, по основа на данок има платеноо 18 милиони евра во буџетот во Република Македонија.

Менкиновски истакна дека ваква службена белешка може да биде само индикација, нејзината употребна вредност е точно прецизирана со законот, а во постапката се користи како доказ.

„Дури и да ги добиле овие информации, во АНБ имале должност овие сознанија да ги поткрепат со докази, кои ќе ги обезбедат преку барање до Врховниот Суд да дозволи ПИМ мерки за следење на лицето Јордан Камчев, или преку оперативно следење. Спротивно на тоа, тие без обезбедување на докази ја дале оваа информација до Јавниот обвинител Лиле Стефанова. Чиста злоупотреба на службената положба на во АНБ, за која злоупотреба некој ќе мора да сноси одговорност. Кривична одговорност постои и за Јавниот обвинител Стефанова, која врз основа на напишани непотврдени сознанија без обезбедени докази предложила мерка притвор. Кривична одговорност и за судијата на претходна постапка кој ја одобрил мерката без да има докази за тврдењето дека лицето Камчев припрема бегство! Кривична одговорност и за судиите од Кривичниот Совет кој по истиот скандалозен основ, ја продолжија мерката притвор!“, вели тој.

Менкиноски посочи дека како одбрана ги искористиле сите правни средства за да ја добијат службената белешка, како и да ја оспорат нејзината доказна вредност, но институциите останале неми на нивните барања.

„Се имаме обратено до АНБ, Судот и Врховен, до досега никој не ни одговорил! Иако според Закон за Кривична постапка, член 70 Судот и Обвинителството е должно да ги презентира доказите врз основа на кои ја изрекува мерката притвор, тие истото до ден денешен и покрај сите инсистирања на одбраната не го направиле! Дури и да се работи за класифициран документ и службена тајна, тие се должни да ги презентираат истите откако адвокатот и одбраната им презентираа безбедносен сертификат. Собранитската комисија ја има оддржано нејзината сединица, но сеуште немаме добиено известување за дисквалификација на белешката.

Менкиновски бара објаснување зошто АНБ не ја дава на увид оваа белешка и доказите кои ги „прибавиле„ до Собраниската Комисија за надзор на работата на АНБ? Пратениците биле известени дека причина за тоа е бидејќи е истрагата се уште во тек!
„Уште една лага на директорот на АНБ. Истрагата за случајот „плацеви на Водно„ е завршена“, нагласи Менкиновски.

„Би сакал да напоменам дека ние како одбрана бараме фер постапка пред објективен и непристрасен трибунал во Македонија, каде низ аргументи и докази ќе докажеме дека Јордан Камчев не е виновен и дека се работи за процес со кој се сака да му се наштети на неговиот углед и репутација како истакнат стопанственик.

„Меѓународниот мониторинг во овој случај е се поизвесен и на крај би сакале да констатираме – до кога ќе се држат случаи во фиока и ќе се забораваат без никаква одговорност“, апелираше Менкиновски.

Прес конференцијата на адвокатот на Јордан Камчев, господинот Тони Менкиновски, можете да ја проследите ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This