(Видео) Moлкот за oдговopнocтa за Глобал е соучесништво во некој иден cличeн пoжap вo кoj штo мoжe дa имa и чoвечки жpтви

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Цела недела нема ниту збор од надлежните институции за пожарот во Глобал во Струмица. Нема информации за причината за пожарот, но уште пострашно нема ниту збор за одговорност за ужасниот факт дека во овој јавен објект на општината НЕМА соодветна ПП заштита! За тоа никому ништо, ни збор за одговорност!А, за тоа има една единствена причина: објектот Глобал е дело и во заштита на Зоран Заев, изјави на денешната прес конференција, Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ниту при градбата е водено сметка за стандарди, ниту инспектори смееле да работат, ниту потоа при легализацијата е водено сметка за противпожарната заштита! И никој не смее ниту денеска да писне Антикорупциската комисија сама отвори предмет за случајот Глобал за вмешаноста во можни корупциските дејства на Заев во Глобал, ама еве трета година Антикорупциска молчи за овој скандал, ниту соопштува зошто го отвори, ниту какви наводи има сега. Антикорупциска не смее да писне за никого во близина на Заев, а не пак за Заев директно и тоа се покажува, тврди тој.

– Зоран Заев и до сега имаше најмалку неколку прилики да ја повлече аболицијата за Глобал и правдата да ја побара на суд, ама тоа не го бара. Очигледно добро му доаѓа заштитата за Глобал, а пожарот посочува на многу факти сега. Е па почитувани, систем во кој што илјадници човечки животи се доведени во опасност заради непостоење непочитување на закон, законска соодветна ПП заштита во изграден јавен објект од страна на општината и пуштен во употреба од општината, ваков систем кој што не смее да спроведе ниту истрага кредибилна за тоа какви пропусти има во градбата, затоа што се работи за Зоран Заев, е далеку од демократски систем, далеку дури и од хибриден систем, туку е доказ за владеење на целосна диктатура, вели Стоилковски.

– Што има врска што оваа градба не е по закон и по стандарди, што има врска што се работи за трговски центар, што има врска што илјадници посетители дневно минуваат таму, што има врска што нема ПП заштита, што има врска ако внатре и утре може пожар да однесе животи. Важно е да не се доведе во врска со Зоран Заев! Ете тоа е вистината за македонската реалност, за македонскиот правен и независен систем! Ова е класичен диктаторски режим – кој што го крие диктаторот, и е во негова служба, дури и кога неговата лукративност и криминал директно загрозуваат човечки животи, посочи тој.

– Или институциите ќе застанат јавно со посочување на одговорност кај оние што го граделе и толку години не воделе сметка, доведувајќи бројни животи во опасност, или ќе станат соучесници во некој иден пожар со смртни последици, бидејќи молкот е таа единствена порака! Кој градел вон стандарди, што е со одговорноста на урбанистичкиот и градежен инспектор, кој е одговорен за контрола на ПП систем со години во Глобал? Со ваква премолчана аболиција за загрозување на сигурност и предизвикување на општа опасност, не е ниту чудо што криминалци и убијци се пуштаат на слобода! После ваков молк, ЈО и судот во целост покажуваат дека се клекнати пред диктаторот. После ваков молк за Глобал, нивната порака гласи – ничиј човечки живот не вреди колку власта и неказнивоста на диктаторот! Молкот на институциите сега е за Глобал е соучесништво во некој иден сличен пожар во кој што за жал може да има и човечки жртви, додаде Стоилковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This