(Видео) Paзбojници вo Италија ce oбидeлe дa oгpaбaт злaтapницa, coпcтвeникoт y6ил двajцa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двајца разбојници се убиени во обид да ограбат златарница во селото Гринзане во италијанскиот регион Пиемонте, пренесува Би-Би-Си, повикувајќи се на извештаи на локалните медиуми.

Сопственикот отворил оган откако вчеравечер тројца вооружени разбојници упаднале во златарницата. Двајца починале на улица, а третиот бил ранет во ногата, а подоцна бил уапсен.

Градоначалникот на селото Џанфранко Гарау за италијанските медиуми изјавил дека сопственикот на златарницата бил повреден во напад во 2015 година.

Имено, сопственикот бил крвнички претепан од криминалци, а неговата сопруга и ќерка биле врзани за време на грабеж во 2015 година , кога му одзеле часовници и накит во вредност од 300.000 евра.

Гарау, кој за време на вчерашниот грабеж бил на состанок во блискиот град, за италијанските медиуми изјавил дека деталите за грабежот остануваат нејасни.

„Сè што знам е дека нападнато е чесно и добро семејство“, рече Гарау.

Според италијанската новинска агенција Анса, при грабежот биле испукани најмалку пет истрели.

Кориере дела Сера пишува дека сопругата и ќерката на сопственикот биле во златарницата за време на грабежот, додавајќи дека разбојниците биле вооружени со пиштол и нож.

Извор: press24.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This