На вонредна прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче истакна дека нема потреба од нов полициски час и дополнителни рестрикции.
За нови мерки ќе се одлучува дури наредната недела.
Зголемување на бројот на заразени има во Валандово, Прилеп, Крушево, Кавадарци, Скопје, Гостивар и Велес.
Зголемен е притисокот врз здравствениот систем особено во Скопје, капацитетите се речиси пополнети изјави Филипче.
Сите Ковид центри се во функција.
Евидентно е дека се наоѓаме во третиот бран од почетокот на пандемијата истакна тој. Имаме постојан раст и зголемување на активните случаи, 11 илјади активни случаи во моментов од кои 5 илјади само во последните 30 дена, вели Филипче.