Викендов не возете по „Партизанска“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради изведување градежни работи на булевар „Партизански Одреди“ утре од 8 до 18 часот ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќајот во правец од Центар кон населба Ѓорче Петров, односно на потегот од раскрсница улица „Никола Парапунов“ до раскрсница улица „Иван Цанкар“, соопшти МВР.

Возилата што ќе се движат по булевар „Партизански Одреди” ќе бидат пренасочени по алтернативните улици и тоа по улица „Московска“ кон улица „Васил Чакаларов“ исто така како алтернативна улица може да се користи и улица „Скупи“.

Во недела исто така ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќајот на булевар „Партизански одреди“ во правец од населба Ѓорче Петров кон Центар и тоа од раскрсница со улица „Ѓорче Петров“ (кружен тек) до улица „Никола Парапунов“.

Возилата што ќе се движат по булевар „Пaртизански Одреди” и улица „Ѓорче Петров“ како алтернативни улици може да ги искористат улица „Васил Чакаларов“ и улица „Скупи“.

ЈСП Скопје информира и дека по повод верскиот празник Задушница, утре (2.11.2018 година) и в сабота (3.11.2018 година), покрај редовната линија 59 (Карпош 3-Кучевишка бара/Гробишта Бутел), во сообраќај ќе бидат вклучени и дополнителен број на автобуси до гробишта Бутел кои ќе сообраќаат од Ново Лисиче (59А) и од Кисела Вода (59Б).

Возниот ред за дополнителните линии е следен:


САБОТА 3.11.2018 година

ДОПОЛНИТЕЛНИ

Линија 59

Од Карпош 3: 7,00; 8,10; 8,35; 9,40; 10,05; 11,10; 11,35; 12,40;

Од Кучевишка бара(Гробишта Бутел): 7,45; 8,55; 9,20; 10,25; 10,45; 11,55; 12,20; 13,25;

РЕДОВНИ

Линија 59

Од Карпош 3: 6,20; 7,50; 9,20; 10,50; 12,20; 13,50; 15,20; 16,50; 18,

Од Кучевишка Бара(Гробишта Бутел): 5,35; 7,05; 8,35; 10,05; 11,35; 13,05; 14,35; 16,05; 17,30; 19,05;

Линија 59А

Од Ново Лисиче: 7,10; 7,40, 8,25; 8,40; 9,10; 10,10; 10,40; 11,10; 11,40; 12,10;
Од Гробишта Бутел: 7,55; 8,25; 9,25; 9,55;10,30; 10,55; 11,25; 12,25; 12,55; 13,25;

Линија 59Б

Од Кисела Вода: 7,10; 8,50; 9,50; 10,30; 12,10; 12,40;
Од Гробишта Бутел: 8,00; 9,10; 9,40; 11,20; 11,55; 13,00;

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This