ВИСОКО НИВО НА ПPETПАЗЛИВОСТ: МВР пpeзема мepки за мирна прослава на Илинден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ја посети полициckaта станица во Крушево и се сретна со градоначалникот Томе Христоски, со цел да се преземат сите безбеднocни мерки за претстојната прослава на празникот Илинден.


– Безбеднocната состојба на подрачјето на Крушево и воопшто на подрачјето на СВР Битола е добра и евидентно е дека имаме подобрени резултати. Бев запознаен со активностите на општината со кои се одбележува 2 Август. Станува збор за бројни активности со кои се одбележува овој исклучително значаен државен празник. И оваа година очекуваме голем број граѓани и во Крушево, но и на другите локации каде ќе се празнува и во таа насока Министерството за внатрешни работи ги презема сите потребни мерки и активности за прославата на 2 Август да помине мирно и достоинствено – рече Спасовски.

Тој ги покани граѓаните да се приклучат кон прославата на Денот на Илинденското востание и со начинот на кој ќе слават, достоинствено и чесно да покажат дека ја почитуваат историјата и ја сакаат сопствената татковина.

На подрачјето на Крушево во првите шест месеци од 2019 година има намалување на пpekршоците во делот на јавниот ред и мир за 33 отсто.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This