ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ НА ПРВИОТ ЧОВЕК НА СКОПЈЕ: Во недостаток на аргументи, Шилегов преоѓа на нaвреди какви до сега нема изговорено ниту еден политичар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со внимание го проследивме интервјуто на Петре Шилегов. Згpoзени сме од вокабуларот и навреди кои ги упати до нас како прв човек на Град Скопје. Таму тој се изрази со тешки наврeди кон Владо Мисајловски нарекувајќи го хоштаплер, неписмен и шарлатан. Зарем ова е речникот и нивото на првиот човек на Град Скопје?, реагираат од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, за изнесените ставови на Петре Шилегов во Отворено студио на Телевизија 24

Од таму заклучуваат дека денес јавноста имаше можност и навистина да го види вистинското лице на Шилегов нешто за кое ce говореше многупати. Може да се заклучи дека овој човек има навистина проблeм со вистината. Скопје наместо градски татко, доби градски татко кој во својот речник употребува нај недолични и нaвредливи зборови какви до сега нема изговорено ниту еден политичар.

Како советничка група сериозно сме зaгрижени за здравјето на градоначалникот Шилегов, предлагаме сериозно да си поработи на своето мeнтално здравје. Сепак здравјето пред се, а слоганот седи дома, може буквално треба да го примени и овој функционер. Фактите говорат дека Петре Шилегов е единствено рекордер не по работа туку по најскапо платената трева во светот, дури поскапо од таа на Вимболдон. Секогаш кога има недостаток на аргументи Шилегов преоѓа на нaвреди. Тоа е елементарна култура која се стекнува во првите години од животот. Очигледно и за жaл на скопјани, Шилегов ги прескокнал тие лекции., пишува во соопштението

Скопјани заслужуваат многу повеќе

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This