ВИСТИНСКО ЛЕТО: Утре високи температури, УВ-индексот ќе биде 9

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од јужен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 34 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде висока и ќе изнесува 9.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозпаден правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со максимални температури кои се над просекот за овој период од годината.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на оваа и почетокот на наредната седмица во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This