Владата на Србија пропиша нови мерки, кои ќе бидат на сила од вторник наутро, до следните десет дена, а прва од нив е скратување на работното време до 18:00 часот за ресторани, кафулиња, барови, клубови, обложувалници и трговски центри.
Втората мерка е задолжителна и безусловна употреба на опрема за лична заштита, односно носење заштитна маска, во затворени простории, како и на отворено во оние ситуации кога не можат да се избегнат контакти.
Следува забрана за сите јавни собири со присуство на повеќе од 5 лица, во затворени простории и на отворено.
Исклучени од оваа мерка се работни организации, училишта, продавници, трговски центри и слични објекти, кои подлежат на пропишаниот лимит за бројот на присутни луѓе во секое време во однос на квадратурата на објектот – или минимум 4 квадратни метри по лице.