ВЛАДАТА НЕМА КОНЦЕПТ ЗА ЕКОНОМИЈА: Екс министерот за финансии од СДСМ, Никола Поповски со анализа за економскат состојба во државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во својата колумна за Независен, поранешниот министер за финансии од СДСМ и поранешен претседател на Собранието на Република Македонија, Никола Поповски, детално анализирајќи ја економската состојба во државата и финансиските показатели во изминатиот период, потенцира дека Владата нема концепција за економијата во државата. Според Поповски, работењето на Владата во оваа област изминатиот период е концепциски погрешно и стратешки недоволно обмислено.

„Клучните промени треба да се случат од луѓе кои, со многу мали исклучоци, и немаат некоја чиста концепција за тоа што треба да прават, туку само мислат дека треба да го продолжат истото, но да се подобри во тоа. Стратешки недоволно обмислено, а концепциски погрешно.” заклучува поранешниот министер за финансии.

Во однос на податоците за БДП и најавите од Владата на почетокот на годината за раст на БДП, Поповски го повторува ставот и на други експерти од оваа област дека владините најави за раст од 3 отсто се недостижни истакнувајќи дека БДП стагнира цели 15 месеци.

„Да се вратиме на сигналите што се емитуваат од официјалните податоци. Прво, на сите ни е познато дека движењето на БДП е многу проблематично и дека тој веќе пет квартали по ред (I-II-III-IV 2017 и I во 2018) покажува знаци на целосна стагнација со негово движење во маргините од -1,3 отсто до +1,2 отсто. Кумулативно, реалниот БДП стагнира на границата од 0 отсто цели 15 месеци. Проекциите за раст од над 3 отсто годишно барем сега се чинат недостижни. Факт е дека во последно време многумина од надлежните во земјава ни соопштуваат дека имаат реални очекувања дека во „преостанатите три квартали од 2018 година“ растот ќе се зголеми значително и на годишно ниво ќе го достигнеме проектираниот раст. Добро би било тоа да е така, но не е лошо да се потсети дека од тие „преостанати три квартали од 2018 година“ вториот веќе заврши во јуни, а третиот завршува на крајот на септември и дека ние веќе нема што да правиме освен да ги чекаме податоците и да се надеваме за нешто што веќе поминало. Во моментов, четвртиот последен квартал треба да е предизвик.” – анализира Поповски во својата колумна во која анализира и за невработеноста, стапката на инфлација, пазарот на капитал и странските инвестиции.

Според Никола Поповски и покрај фактот што приходите на Владата се задоволителни во рамки на проекциите, нивното трошење, како што вели, е драматично надвор од проекциите, а капиталните трошоци се остваруваат со многу ниска динамика и создаваат преголема, но неизвесна ликвидност на буџетот.

На крај, поранешниот министер за финансии од СДСМ заклучува дека сите економски движења кои ги разработува во колумната како и други за кои нема простор да ги елаборира во истата, покажуваат голема неизвесност, нелогичности и флуктуации.

Овие анализи на Поповски, претставуваат продолжение на забелешките од стручната јавност за економските состојби во државата и отсуството од активни политики и мерки во економско-финансиската област. За познавачите, овие состојби се загрижувачки и создаваат лутање без концепт и визија. Пример за такво однесување беа и изјавите кои во еден ден ги дадоа премиерот Заев и министерот за финансии Тевдовски. На тема дали ќе има или ќе нема ребаланс на буџетот, премиерот Зоран Заев рече дека ребаланс ќе има во октомври, а министерот Тевдовски категорично вели дека нема потреба од ребаланс. Ова разногласие за јавноста претставува пример за недостатокот од концепт и визија во Владата за економијата и финансиите, област во која оваа гарнитура ветуваше голем број на проекти и мерки кои досега не се видливи за јавноста и граѓаните.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This