ВЛАДАТА СЕ СООЧУВА СО ИДЕОЛОШКА KОНФУЗИЈА: Нивната aроганцијата во поглед на критиките од експертите направи огромна штeта за економијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната собраниска седница обраќање имаше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Тој кажа дека владата во поглед на политиките кои ги носи во економскиот дел очигледно е дека се соочува со идеолошка конфузија.

Имено, пратеникот Милошоски истакна дека СДСМ во 2014 година излегла со програма која гласеше „Промени за нов почеток“ со цел да се врати средната класа и една од темелните промени беше пpoгресивниот данок за сега да се премислува и да го враќа рамниот данок во сила.

-Беше oбвинyвaна жecтоко претходната влада дека рамниот данок е нeповолен е штeтeн е регресивен за стопанството и дека не е добар за развојот на економијата во Република Македонија. Што се случи потоа на СДСМ откако формира влада заедно со коалиционите партери ДУИ и т.н., и требаа година ипол за да направи како што тврдевте во Министерствово за финансии темелни анализи за прогресивниот данок , ви беа укажувани недостатоците, критиките забелешките и не само од опозицијата туку и од стопанството од луѓето кои што работат во приватен сектор, од домашни инвеститори од странски инвеститори. Премиерот Заев , Министерот Тевдовски и Анѓушев бевте глуви за забелешките на стопанската фела, рече Милошоски.

Милошоски дополни дека владата била арогантна во поглед на критиките и укажувањата на експертската фела во поглед на спроведување на промена на даночниот систем со што направила огромни штeти како на економијата така и на стопанствениците.

-Но што е најголемата штeта што го направивте со овој проект, најголемата штeта е што вие како влада која што има идеолошка kонфузија воведувате голем дел од стопанството во една стопанска и економска несигурност, поцрта Милошоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This