ВЛАДАТА СО СООПШТЕНИЕ: Утре ќе биде неработен за жителите на град Скопје!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Согласно последните организациски проценки поврзани со протоколот за посетата на Неговата Светост Папата Франциск, и согласно потребите и барањата на институциите и граѓаните, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука утрешниот ден, 7 мај (вторник), да биде нeработен ден за сите вработени во јавната и државната администрација на територијата на Град Скопје.

Со оваа одлука се опфатени основните и средните училишта, а градинките ќе бидат организирани нeпречено да ја извршуваат својата функција.

Владата им препорачува и на приватните компании, особено од централното градско подрачје да ја прифатат одлуката овој ден да биде нeработен и за вработените во овој сектор, и на тој начин да го дадат својот придонес во организацијата на програмските содржини од посетата на Папата Франциск.

Дополнително ќе биде соопштено кој ден ќе биде определен за да се одработи утрешниот неработен ден.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This