Власта бара донaции од граѓаните, за парите да завршат во џебовите на Заев и Анѓушев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Отворено Студио“ посочи дека додека во време на пандемија фирмите на Заев и Анѓушев земаат помош од државата, СДСМ ги убедува граѓаните парите од повраток на ДДВ да ги донираат на државата.

„Господине Митревски три години имате апсолутна власт во Република Македонија, 80% од градоначалниците се ваши градоначалници, да не заборавиме. Да не се фокусираме само на овие три месеци од вонредната состојба и корона пандемијата во Република Македонија. 80% од градоначалниците се ваши. Имавте политичка влада до формирањето на техничката влада до јануари месецот. Имате претседател на државата. Да го обвинувате Наќе Чулев за сето она што не е реализирано во државата, за здравствената криза во Република Македонија и за економската криза да ја обвинувате дополнителната заменичка министерка за финансии е во најмала рака смешно“, нагласи Мицевски до Митревски.

Мицевски додаде дека тоа го вели бидејќи СДСМ во изминатите два месеци во услови на најголема пандемија правеше класичен предизборен поткуп без дефиниран датум за избори.

„Кластерот на СДСМ не го направи Чулев и Гордана Кочоска Димитриеска. Тоа вие го направивте од вашите дружби и излегувања. Излегоа илјадници слики низ Република Македонија што се СДСМ направи и колку пакети поделија Заеви. Проблемот господине Митревски е во помошта на фирмите на Кочо Анѓушев и на Заев. Затоа што граѓаните ги убедувате дека од морални причини треба да се откажат од повраток на ДДВ кој што ги следува, за да земат помош фирмите „Еленица“ на Заев и фирмите на Кочо Анѓушев. Кои што секоја година со завршните сметки прикажуваат огромни приходи. Поради тоа веќе граѓаните на Република Македонија не им верува на СДСМ“, истакна Мицевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This