Влaда: Ce e пoдгoтвeнo зa пoчeтoк нa пoпиcoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се е подготвено за почеток на пописот којшто треба да почне во недела на 5 септември, изјави денеска владиниот портпарол Душко Арсовски.

На редовната прес-конференција во Владата, Арсовски соопшти дека во сите комисии на 50-те пописни реони се завршени обуките на реонски инструктори и реонските попишувачи.

-Во деновите до недела, кога во 8 часот наутро попишувачите ќе излезат на терен, ќе се вршат дополнителни обуки, но и обиколка на пописните кругови со кои се задолжени попишувачите. До недела, секој попишувач заедно со својот реонски инструктор ќе направи и план за движење низ пописниот круг со цел ниту еден објект, ниту едно домаќинство, да не остане неопфатено. Сигурни сме како Влада дека граѓаните со доверба ќе ги примат попишувачите и ќе им ги дадат потребните податоци коишто ќе овозможат подобра иднина за сите нас и за земјата во целина, изјави Арсовски.

Пописот ќе се спроведува до крајот на септември. Ваква статистичка операција во земјава последен пат е спроведена во 2002 година. (МИА)

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This