ВМРО-ДПМНЕ бapa oд министерот за здравство да се ocмeли дa пoбapa oдгoвopнocт oд дoктopoт вo Струга

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ денес одговараше на новинарско прашање преку кое беше побаран негов коментар за развојот на скандалот поврзан со работењето на директорот на струшката болница.

„Сведоци сме на уште еден скандал којшто доколку не излезеше во јавноста преку медиумите, институциите се уште топката ќе си ја префрла меѓу себе онака како што тоа го правеа повеќе од половина година, а сега гледаме дека можеле да реагираат. Тоа покажува само едно и води кон индиции дека директорот на струшката болница ужива заштита. Тој е поставен од министерот Венко Филипче и толериран од министерот Венко Филипче. Па колку животи треба да се жртвуваат за Филипче да побара одговорност, што треба се да се случи и се да излезе во јавноста и уште колку животи да бидат ризикувани за Филипче да побара одговорност од како што го нарекуваат ‘доктор Менгеле’ во Струга“, истакна Стоилковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This